o.Tadej11.jpg

 Во нашите животи многу не` попречуваат  нашите интереси.
 Ние постојано нешто планираме, ова, па она, и мислиме дека, ако сами тоа не го правиме, ништо во животот нема да постигнеме.

  •  Ние треба според совеста да се трудиме, ама не` избрзано, зашто во таа наша избрзаност, непријателот не` соборува.

 При таа забрзаност, не обрнуваме внимание на било што отстрана.
 Дали повредуваме некоја личност или некому му правиме некое зло.

Ние сме преокупирани со својот план и не водејќи сметка  за совеста,  брзо се огрешуваме,  дури и кон своите ближни.
А кога кон ближните се огрешуваме, ние, всушност,  не се огрешуваме кон конкретната личност, туку лично кон Бога, зашто Бог тајно пребива во секоја душа.

  • Каков е нашиот однос кон  ближниот, таков е и нашиот однос кон  Бога. Ако ние на љубовта `и возвраќаме со љубов, а на злото со иста мера, тогаш,  не сме на добар пат.


Отец Тадеј

  • Подготви: Мина Даниловска
  • 4-ти јануари, лето Господово 2014